d0bdd0b5d0b4d0b5d0bbd0b0d0b2d0b0 d19cd0b5 d181d0b5 d0b7d0bdd0b0d0b5 d0b4d0b0d0bbd0b8 d0b8d0b7d0bed0bbd0b0d186d0b8d198d0b0d182d0b0 d0b7 61ee53d8751e5

Неделава ќе се знае дали изолацијата за ковид позитивните ќе биде скратена од десет на седум дена

January 24, 2022
1 minut lexim

На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.

Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид центар.

Ковид сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат во државава. Според министерот, се уште е рано да се зборува за укинување на овие сертификати затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

Бројките за новозаболени во земјава покажуваат дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.424  случаи од направени 5.604 тестирања. Од вкупниот број позитивни се регистрирани 214 реинфекции.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа се регистрирани 1.083 оздравени пациенти и 15 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Соседна Грција за уште две седмици ги продолжи актуелните правила за влез во државата што значи дека и понатаму е потребен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето за сите патници независно дали се вакцинирани или не. Новата одлука ќе важи до 7 февруари. Нема промени и во однос на невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Северна Македонија, кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

d0b8d181d187d0b8d181d182d0b5d0bdd0b0 d0b4d0b8d0b2d0b0 d0b4d0b5d0bfd0bed0bdd0b8d198d0b0 d0bed0b4 2 000 d0bad0b2d0b0d0b4d180d0b0d182d0bd 61ee53cfdab8f
Story i mëparshëm

Исчистена дива депонија од 2.000 квадратни метри во Горно Лисиче

e2808bshba urdheron familjaret e stafit te ambasades te largohen nga ukraina 61ee54e95221e
Story i radhës

​SHBA urdhëron familjarët e stafit të ambasadës të largohen nga Ukraina

Të fundit nga

ShkoLartë