d0bcd0b8d0bbd0b5d0b2d181d0bad0b8 d181d0b8d182d0b5 d0b7d0b0d0b5d0b4d0bdd0be d0b4d0b0 d0bfd180d0b8d0b4d0bed0bdd0b5d181d0b5d0bcd0b5 d0b4 61f53ff12cf7a

Милевски: Сите заедно да придонесеме да се стопат разликите меѓу Скопје и Софија

January 29, 2022
1 minut lexim

Развојот на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во делот на образованието може да помогне во надминувањето на разликите помеѓу двете земји изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво”.

Тој упати порака до сите политички, но и општествени чинители, да придонесат „да се стопат разликите помеѓу двете држави”.

– Треба да гледаме она што не поврзува, а не она што се наши разлики. И во таа насока ја поздравувам оваа денешна средба. Пред се, се радувам затоа што бугарските општини во голема мера ги користеа пристапните фондови, ги користат ИПА фондовите за нивен развој. Ова заедничко дружење овде само ќе овозможи да се размени знаењето за да и нашите општини што повеќе ги користат, да се спремат за користење на средствата кога ќе се отворат преговорите и ќе започнеме да ги користиме средствата, претпристапните фондови, бидејќи периодот којшто е пред  нас, сите и образовните институции и општините треба максимално да го искористат за привлекувањето на финансиските средства од ЕУ, и за подобрување на условите за живот на сите граѓани, изјави тој.

Милевски додаде дека и во услови на криза двете земји изминатиот период остварија успешна соработка особено со искористувањето на фондовите за прекугранична соработка.

– И навистина во овие изминати периоди кога имаше најзаладени односи општините ги промовираа заедничките проекти коишто во изминатиов период ги имплементираа. Така, што можам да кажам дека ова е едно продолжување на соработката на општините, но се надевам дека ќе се продлабочи, бидејќи сега следува ИПА З периодот на искористување на средствата, заклучи министерот.

Тој аплираше до градоначалниците и до образовните институции од двете земји да соработуваат и заеднички за аплицираа за проекти од европските фондови.

Претседателка на Клубот на млади во Собранието, Моника Зајкова потенцира дека денешната конференција има за цел да ја покаже важноста на граѓанскиот придонес во зајакнување на соработката особено од аспект на помладата популација.

– Сега не е време да молчиме, ниту како млади луѓе, ниту како политичари за придобивките коишто можеме да ги имаме од соработката како граѓани на двете земји. Како пратеник во Парламентот и координаторка на Клубот за младински прашања и политики, инсистираме на соработка во делот на парламентите, односно младите пратеници помеѓу себе со цел унапредување на дијалогот затоа што на сите ни е од интерес да го унапрдиме пред се животниот стандард на оние коишто треба да ја градат иднината во двете земји.

Конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво” има за цел да поттикне дебата за моменталната состојба помеѓу двете држави, предизвиците и можностите за граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво и се одржа во организација на Renew Europe и АУЕ-ФОН.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

d0bfd0bed181d182d0b0d0b2d0b5d0bdd0b8 d0b1d180d0bed198d187d0b0d0bdd0b8d186d0b8 d0bdd0b0 d181d0b5d0bcd0b0d184d0bed180d0b8d182d0b5 d0bd 61f53fb87024f
Story i mëparshëm

Поставени бројчаници на семафорите на неколку локации во Скопје

besim hasani flet per rregulloren dhe ka sqaruar shumecka sa i perket kategorizimit te sporteve 61f540a514fdb
Story i radhës

Besim Hasani flet për rregulloren dhe ka sqaruar shumëçka sa i përket kategorizimit të sporteve

Të fundit nga

ShkoLartë