Ковачевски: Да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција

January 27, 2022
1 minut lexim

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 Јануари напиша на фејсбук да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција.

-Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас допираат судбините на сите жртви во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас, судбините на тие луѓе никогаш не треба да ги заборавиме. Наша обврска е да го одржуваме споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието. Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција. На овој ден, потсети Ковачевски, се сеќаваме и им оддаваме вечна слава и почит и на македонските Евреи кои ги загубија своите животи во концентрациониот логор Треблинка во Полска, заедно со 6 милиони Евреи кои беа погубени во Аушвиц-Биркенау и во другите логори на смртта.

-Никогаш да не се заборави, за да не се повтори, напиша Ковачевски.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

В недела мирен протест против сообраќајното насилство во кое страдаат пешаци

Story i radhës

BE padit Kinën në Organizatën Botërore të Tregtisë

Të fundit nga

Erolldi dhe Diola publikojnë momente intime

Erolldi dhe Diola këto ditë kanë vendosur t’i kalojnë në vende të nxehta siç është Maldive. Çifti kanë vendosur të ndajnë momente të lumtura mes tyre nuk ka munguar as puthja. Nga
ShkoLartë