d0b4d0bed0bcd0b8d0bdd0b0d186d0b8d198d0b0d182d0b0 d0bdd0b0 d0bed0bcd0b8d0bad180d0bed0bd d0b7d0b0d0b2d180d188d183d0b2d0b0 d0b4d0be d0ba 61eefc9ad41cd

Доминацијата на омикрон завршува до крајот на февруари, вели проф. Даниловски

January 24, 2022
1 minut lexim

Епидемиологот проф.д-р Драган Даниловски и натаму останува на своите ставови дека напролет коронавирусот ќе се сведе на „сезонски грип“, Тој очекува до крајот на февруари да спласнат инфекциите со сојот омикрон, кои потоа би се одржувале на ендемично ниво.

-„На запад ништо ново!“ Јас уште одамна, поточно, на 31 август 2021 година, напишав дека „делта монструмот полека ќе се сведе на „скротен лав“- исто како што тоа се има случено со неговите сродници, четирите типови на коронавируси што предизвикуваат обична настинка.“ Се случи на крајот на ноември истата година да се појави омикрон. На 4 декември 2021 година за Нова ТВ имав изјавено: „Значи, јасно е дека со короната е завршено. Ќе се оствари она што јас одамна го изјавувам – дека напролет ќе се сведе на „сезонски грип“ – нешто со што се согласни и други епидемиолози во светот. Ова е нешто што треба да нѐ охрабри, да нѐ извади од чувството на безнадежност и песимизам.“ Останувам и понатаму на тие мои ставови – вели Даниловски во изјава за Нова Македонија.

Тој вели дека омикрон „пламна како шумски пожар, но како и секоја огнена стихија, почна да се задушува сам во себе“ и дека „сѐ повеќе му недостасува „кислород за горење“.“

– Во Македонија врвот на бранот го достигнавме на 18 јануари – порано отколку што прогнозиравме (крајот на јануари). Оттогаш трендот на нови заразени е надолен. Грубо, колку што траеше растот, толку ќе трае и падот. До крајот на февруари, омикронот ќе спласне. И ќе се одржува на ендемично ниво, некое време, пролетта… За веќе понатаму да се сведе на спорадични (неповрзани меѓу себе, единечни, случаи). Понатаму, ќе го имаме меѓу нас, сосема исто како што го имаме сезонскиот грип – додава професорот.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

trencevska angazhimi i qeverise eshte qe paga minimale jete 18 mije denare 61eefc709f4b0
Story i mëparshëm

Trençevska: Angazhimi i qeverisë është që paga minimale jetë 18 mijë denarë

galaxy s22 ultra ofron me pak vlere sesa s21 ultra 61ef017fc02f4
Story i radhës

Galaxy S22 Ultra ofron më pak vlerë sesa S21 Ultra

Të fundit nga

ShkoLartë