Депонијата „Русино“ отворена, Свети Николе се пишмани

Според потпишаните договори, јавните претпријатија од деветте полошки општини ќе можат да го депонираат отпадот во Русино за сума од 2,5 евра за еден тон отпад.

По три години договарање, Јавното претпријатие „Русино Полог“ и официјално e управител на депонијата Русино кај Гостивар. Според потпишаните договори, јавните  комунални претпријатија од деветте општини во Полошко ќе можат да го депонираат отпадот во Русино за сума од 2,5 евра за еден тон отпад.

– Договорите со секое комунално претпријатие и со концесионерите од деветте општини од Полошко ќе ги потпишеме за да ја официјализираме соработката со комуналните претпријатија. Пет од општините сè уште го немаат подмирено долгот кон заедничкото претпријатие, но имаат рок да ја исполнат оваа обврска – изјави Бесим Догани, директор на претпријатието.

Од Министерството за животна средина (МЖСПП) за „Слободен печат“ велат дека на ЈП „Русино/Полог“ му се издадени насоки за преземање на неопходните мерки за безбедно работење, за што Владата веќе обезбеди средства.

– Воспоставена е основната инфраструктура за безбедно депонирање комунален отпад, со цел оваа дејност „Русино/Полог“ да може соодветно да ја врши сѐ до обезбедување на условите за издавање на дозволата за депонирање – подвлекуваат од МЖСПП.

Министерот Насер Нуредини претходно нагласи дека е подготвена целата документација и се преговара за обезбедување финансиски средства за изградба на модерни стандардни депонии.

– Мора да се здружат силите за да завршат процесите на локално ниво. Секое одложување значи враќање на почетокот, губење на средствата, неконтролирано расфрлање на сметот, што ја засега целата државата со сите плански региони – рече Нуредини.

Промена на локацијата на Регионалната депонија кај Мечкуевци, или Општина Свети Николе, ќе ја блокира работата на јавното претпријатие, е ставот на Советот на Општина Свети Николе, која нема да избере на членови на Надзорниот и Извршниот одбор на ова претпријатие. Ако бидат ставени во мат-позиција, ќе организираат референдум. Вкупно 18 општини од Истокот и Североистокот треба да депонираат смет во оваа депонија.

Сличната иницијативата од пред две години пропадна, зашто Општината потпишала договор што ако го раскине, ќе мора да ги плати сите досегашни трошоци за проектот од грантот на ЕУ. Преку проектот, општините од Штипскиот и Кумановскиот регион веќе добија камиони за смет и нови контејнери, а избрани се и компании што треба да ги исчистат сите нестандардни депонии. Се размислува да се вклучи и Велес.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

120 мапирани депонии исчистени во Скопје

Story i radhës

Bursat e ekselencës/ Rama: S’do financohen më

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish