Во изминативе 24 часа еден пациент починал во ковид – центарот во Тетово

Во ковид – центарот на тетовската клиничка болница за изминатите 24 часа има еден починат пациент меѓу хоспитализираните. Од почетокот на пандемијата, според податоците на Институтот за јавно здравје, ова е 554 смртен случај во тетовскиот регион.

-Починат е маж, роден 1964 година, со место на живеење во Челопек. Како позитивен на Ковид-19 бил хоспитализиран на 23 јануари, а починат е на 26 јануари, информира д-р Хасан Илјази од Клиничката болница во Тетово.

До седум часот изутрината во ковид – центарот има седум хоспитализирани и сите се на кислородна поддршка. За 24 часа имало 65 прегледи и контроли во амбулантата.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Pendarovski thotë se negociatat me Sofjen janë në fillim: Jemi larg zgjidhjes

Story i radhës

Rekord i ri infektimesh me koronavirus në Gjermani

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish