Влада: Не е точно дека е откажано заедничкото чествување на Гоце Делчев во Скопје

По информацијата која ја објави бугарската агенција БГНЕС, дека Скопје го откажало чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје, Владата во изјава за „Слободен печат“ демантира дека ќе нема македонска делегација во црквата Свети Спас.

„Делегации на Владата и други високи претставници на државните институции ќе имаат серија активности за чествување на раѓањето на великанот Гоце Делчев. Оттука, информацијата дека немало да има македонска делегација на активностите е целосно неточна. Во попладневните часови ќе биде објавена целосна информација со сите активности од чествувањето“, велат од Владата за „Слободен печат“.

Како што објавивме претходно, БГНЕС јави дека македонската страна утре нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во црквата Свети Спас во Скопје. Официјалното објаснување од скопските власти, според БГНЕС, било дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во странство.

Како што соопшти бугарската владина прес служба, премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање. Заедно со него ќе биде и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски.

Захариева: РСМ треба да се реформира, гаранциите мора да се вклучат во Рамката за преговори

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Запленет над еден тон материја за производство на дрога вредна над 50 милиони евра

Story i radhës

Sherr mes fqinjëve, goditet me mjete të mprehta 24-vjeçari, përfundon në spital

Të fundit nga

AlbanianMacedonianEnglish