d0b1d0bed187d0b2d0b0d180d181d0bad0b8 d0bdd0b0d0b4 11 d0bcd0b8d0bbd0b8d0bed0bdd0b8 d0b5d0b2d180d0b0 d0b8d0bdd0b2d0b5d181d182d0b8d186d0b8 61f2aac9045c9

Бочварски: Над 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

January 27, 2022
1 minut lexim

Преку 11 милиони евра инвестираме во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ, се со цел да овозможиме поефикасно работење на Конторлата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земјата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната посета на М-НАВ.

Министерот Бочварски, заедно со заменик министерот Беким Реџепи и менаџерскиот тим на М-НАВ направија обиколка на Контролата на летање и на Навигацискиот центар, каде се запознаа со работата на институцијата.

-Се наоѓаме на местото каде за прв пат по 25 години започнуваат подготовки за изградба на нов објект за потребите на М-НАВ. Со инвестицијата од 11 милиони евра, освен за изградбата на новата зграда, ќе се набават нови радари, нова опрема за комуникација, нов АТМ систем, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе обезбедиме поефикасно и побезбедно одвивање на авиосообраќајот, изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека е задоволен што и покрај ковид кризата успеале да ја обезбедат инвестицијата за модернизација на клучна институција како Македонска навигација.

Како што информираа од Министерството за транспорт, директорот на АД Македонска навигација, Хамиди, се заблагодари на Владата за инвестицијата која ја потенцираше како клучна, бидејќи како што напомена, повеќе од 25 години никој не вложил во М-НАВ.

-Чест ни е што и покрај кризата од ковид пандемијата, во 2021 година заедно со целиот тим во Македонска навигација, ги подобривме финансиските показатели. Инвестицијата што ја добивме за изградба на новата зграда со вкупна површина од 1200 метри квадратни и за набавка на нова опрема, ќе придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата. Продолжуваме како и до сега, бидејќи безбедноста при летањето е наш врвен приоритет, рече Хамиди.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

d0b3d180d0b0d0b4 d181d0bad0bed0bfd198d0b5 d0b8d0bdd0b8d186d0b8d180d0b0 d0bfd180d0b5d0b4d0bbd0bed0b3 d0b7d0b0d0bad0bed0bd d0b7d0b0 61f2aabfc7750
Story i mëparshëm

Град Скопје иницира предлог – закон за заштита на Водно

krijojne polemika ne krye vendoset iljaz
Story i radhës

Krijojnë polemika, në krye vendoset Iljaz Haxhiaj

Të fundit nga

ShkoLartë