Видеолотарија Касинос Австрија преку фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА, ќе стипендира нови 10 редовни студенти на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во Штип, запишани за прв пат на студиската 2024/2025 година
Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, преку фондацијата Едуката обезбедува нови стипендии за десет редовни студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на државниот универзитет во државниот универзитет во Штип, за прв пат на студиската 2024/2025 година. Сите десет студенти, кои ќе ги задоволат бараните критериуми, ќе добијат стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.
Стипендистите треба да се за запишани на додипломски студии од прв циклус на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип и тоа по следните групи:
• 2 стипендии за студенти на Факултет за образовани науки -насоки: одделенска настава, предучилишно воспитание, историја и археологија и педагогија
• 2 стипендии за студенти на Факултет за информатика -насоки: компјутерско инженерство и технологии, компјутерски науки, применета математика, математика – наставна
• 1 стипендија за студент на Музичка академија- насоки: музичка теорија и педагогија, етнокореологија, музички изведувач на флејта, кларинет,труба, виолина, гитара, саксофон и хармоника; соло пеење, пијано, џез гитара, џез труба, џез саксoфон, џез бас, џез пеење
• 1 стипендија на студент на Ликовна академија- насоки: клaсично сликарство и вајарство
• 2 стипендии за студентите на Факултет за медицински науки – насоки: општа медицина, дентална медицина, фармација, медицински лаборанти, физиотерапевти, акушерки, медицински сестри/техничари, забни техничари/протетичари, оптометрија и очна оптика
• 2 стипендии за студентите oд:
Електротехнички факултет и тоа: насоки: автоматика и системско инженерство, електроенергетика и обновливи извори на енергија
Машински факултет: насоки: машински дизајн и производство, мехатроника, машинско инженерство
Факултет за природни и технички науки: насоки: рударство, геологија, инженерство за заштита од животна средина, дизајн за ентериер и мебел, индустриска логистика, инженерство за заштита од животна средина и компјутерски дизајн
Фондацијата ќе го следи целокупниот факултетски развој на избраните студенти, сè до нивното завршување, ако бидат исполнети критериумите за добивање стипендија. Конкурсот е отворен од 15.11.2024 до 15.12.2024 година. Конкурсот за пријавување на студенти, заедно со сите информации и потребни документи согласно критериумите, е достапен на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk. Фондацијата Едуката и овојпат фокусот го става на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои немаат финансиски можности, а имаат амбиција за образување. Нашата цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството.