Третиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија во 2022 година беше регистриран во Скопје, првпат во главниот град по пауза од два месеца. Среќниот добитник преку ноќ стекна над 10 милиони причини за радување, но и за размислување како да ги искористи парите.
СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е извонредна добивка, без разлика колку точно е нејзиниот износ, а особено е неодолива кога е изразена со осум цифри. Таква среќа имаше најновиот добитник, кој на 12 февруари освои фантастична сума од 10.312.765 денари, во скопската населба Топанско Поле.
Среќниот А.Ч. ја сподели својата приказна за среќниот ден. Решил да ја искористи саботата за да се забавува. Одлучил забавата да ја побара на видеолотариските терминали во Спортлајф. Издвоил 500 денари за поинтересно попладне, за само неколку минути да стигне до неверојатната добивка. Призна дека уште нема план како ќе ги искористи парите, но вели, сумата е голема, па може да биде добредојдена за некакво бизнис вложување.
Третиот СУПЕР МИЛИОНЕР во 2022 година е вкупно 20-ти откако Видеолотарија Касинос Австрија ја создаде оваа приказна со многу убави поглавја. Овој мал јубилеј се случува на датумот кога пред една година, беше воведена омилената добивка во Македонија и со себе носи желби за уште многу поводи за радување. Случајно или не, најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР го потврди познатото мото: Играј за забава, играј одговорно.