Македонските фудбалери веќе покажаа дека во спортот не постојат невозможни работи и дојдоа на само еден натпревар до остварување на сонот од детството. Имаат можност да останат запаметени како национални херои, ако ја пласираат Македонија на Светското првенство во Катар, но за тоа потребно е да ја победат Португалија, вечерва од 20.45 часот, во Порто.
Од Видеолотарија Касинос Австрија, како нивен партнер, убедени сме дека секој епилог е возможен ако силно се верува, а за тоа дека македонските репрезентативци ќе дадат сè од себе и ќе ги надминат сопствените лимити, немаме дилема. Формулата за успехот е дисциплина и да се исполнува зацртаниот план за игра. Со тоа се согласува и нашиот голман, Столе Димитриевски.
„Наше е да излеземе на „Драгао” и да го дадеме најдоброто од себе. Ништо повеќе, ништо помалку. Овој меч е тоа што го посакувавме цел живот. Го заслуживме и ќе се бориме да го оствариме сонот. Нашиот и на цела Македонија“, рече голманот, за кого ова ќе биде 54. натпревар во црвено-жолтиот дрес.
Тој ќе биде на огромни искушенија, соочен со налетите на еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра, Кристијано Роналдо, меѓутоа и на неговите вонсериски колеги од репрезентацијата како Бруно Фернандеш, Диого Жота, Жоао Феликс…
„Ќе биде исклучително тешко. Португалија е една од најсилните светско репрезентации. Имаат неверојатен индивидуален квалитет, покриени се на сите позиции и секако дека влегуваат како фаворити. Треба да го исполниме тоа што од нас го бара селекторот. Секој ја знае својата задача и мора да бидеме максимално фокусирани. Веруваме во себе и ќе излеземе со желба и мотив да испишеме историја за македонскиот фудбал“, додаде Димитриевски.
Португалците играат за осми настап на Мундијалите, Македонија за историски, прв. Видеолотарија Касинос Австрија, уште откако стана партнер на македонската репрезентација, минатата година, препозна дека тоа е дружина достојна за остварување на соништата и затоа верува дека тоа е возможно и вечерва.