Данела Арсовска ги дискриминира медиумите на Албански јазик. Доделува средства само за оние на Македонски јазик. Алијанса за Албанците НЕМА АБЕР (ФОТО)

1 minut lexim

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со најновата одлука ги заобиколи медиумите на Албански јазик во Република Северна Македонија, пишува БЛИЦ.МК

Согласно договорот со архивски број 08-9941/1 од 31.08.2022 година потпишан помеѓу Град Скопје и маркетинг агенцијата Елемент ПР ДООЕЛ доделени се 5.651.389,00 денари за ангажирање на избрани медиуми со цел подготовка и спроведување на промоција на кампањи за одредени проекти и активности на Град Скопје.

Порталите кои ќе придобијат од градот Скопје се следните:

Фактор.мк

Мкд.мк

Пари.мк

Observer.mk

Локално.мк

Бизнисвести.мк

Slobodenpecat.mk

Независен.мк

Плусинфо.мк

Вечер.мк

Новамакедонија.мк

Блумберг Адриа

А избраните телевизиски куќи каде што ќе се рекламира градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска се следните:

Канал 5

ТВ24

Сител

Алсат

На прашање на Албанските медиуми, од Алијансата за Албанците, партнер на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје и политичката партија која ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје, само кусо рекоа дека немаат поим за што се работи и за каков договор станува збор.

Story i mëparshëm

Barikadimi i shtetit…

Story i radhës

Ka ardhur një super duet nga Nico dhe Gega

Të fundit nga