СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ја разубави реалноста на уште еден играч на Видеолотарија Касинос Австрија, носејќи му добивка од 9.544.051,00 денари.
Среќата има возбудливи и непредвидливи патишта, а во месец февруари во рок од две недели освоен е и вториот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. Најновиот добитник, Ф. Л. се израдува на џекпот вреден 9.544.051 денар, во саботата на 26 февруари, во просториите на Спортлајф во Топанско поле.
Неговата возбуда траела со денови, бидејќи и кога дојде во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, сè уште владееше со неговите емоции. Раскажа дека нема некоја омилена игра, која обично му носи среќа, но и дека овој пат имал некакво претчувство оти ќе се случи нешто големо.
Толку се израдувал на СУПЕР МИЛИОНЕР-от, што не ги ни доиграл остатокот од парите вложени во видеолотарискиот апарат, туку им ги оставил на пријателите да ги доиграат. Сега на ред е уживањето во најпосакуваната добивка во Македонија, а првичниот план му е да си купи автомобил.
Ова е четврти СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ и вкупно 21. во, речиси, 12 месечното постоење на највозбудливата добивка во Македонија, која и понатаму ќе продолжи да ги радува играчите со добивки од 8.000.000 до 12.000.000 денари.