Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш јасно дава поддршка на македонскиот спорт. Како општествено одговорно компанија ја поддржуваме КФСМ во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш гласно и без задршка, застанува на линијата за промовирање и поддржување на спортот. Нашиот фокус сега ќе бидат натпреварите на КФСМ во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Ни претставува задоволство што повторно ќе навиваме заедно за Македонија. Соработката со КФСМ не е новина. Веруваме дека сите заедно може да стигнеме до победа.
Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски изразија благодарност за поддршката, апелирајќи примерот на Видеолотарија да го следат и другите компании.
За добри услови и резултати, неопходни се финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и благодарност до целиот нивни тим. Потребни се одлични услови за клучните два натпревара за нашите репрезентативци, а Видеолотарија излезе во пресрет да ни помогне во таа намера. Апел уште повеќе компании да помагаат во кошарката, фудбалот и во кој било друг спорт, изјави Антиќ на прес конференцијата.
Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат два дуели против Норвешка (10. ноември) и Данска (13. ноември) во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ