Видеолотарија Касинос Австрија со голема радост соопштува за своето најново спонзорство, од кое најголема корист ќе имаат талентираните деца од Куманово, на кои музиката им е при срцето.
Станува збор за финансиска поддршка од 185.085 денари, наменети за Здружението на уметниците и музичарите ХА & ЕМ од Куманово, со која ќе се овозможи одржувањето на 14. по ред традиционален „Детски фестивал пеперутки“, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во Куманово. Тоа ќе биде прекрасна можност за многу дечиња да го покажат својот талент, да се забавуваат и да му покажат на Куманово дека песната и детската насмевка се поистрајни од сите кризи на светот.
Видеолотарија Касинос Австрија има чест што може да помогне и да придонесе за реализацијата на еден ваков настан, од областа на културата и музиката, кои се еднакво важен приоритет како и нашите активности насочени кон младите и спортот. Ова спонзорство е само едно поглавје од нашите општествено одговорни, корпоративни заложби за поддршка на културата и младите.