ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 1.000.138 ДЕНАРИ, ПРИДОНЕСЕ ЗА МОДЕРНО, ИНКЛУЗИВНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДЕМИР КАПИЈА

1 minut lexim

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, продолжува со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Во овој проект, со донација од 1.000.138,00 денари, Видеолотарија стави во функција и инклузивно детско игралиште во Демир Капија.

Со донација од 1.000.138,00 денари, Видеолотарија Касинос Австрија успеа да придонесе да биде ставено во функција, инклузивното детско игралиште во Демир Капија. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, веруваме дека ќе придонесе за забава на сите деца, во што ќе може да се уверат уште денес.

Игралиште доби гумирана подлога на која се поставени пет реквизити, комплетно безбедни за сите деца. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Заради безбедност на децата, дополнително игралиштето е оградено. Наша цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.

Видеолотарија одговорно продолжува со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со задоволство може да споделиме дека многу скоро ќе ги претставиме и другите игралишта на кои работевме изминатиов период.

Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

 

Story i mëparshëm

Zbulohet data/ Ja kur nis “Big Brother Vip Kosova”

Story i radhës

Pronari i “Besa Trans” deklaroi se nuk ndihet fajtor për aksidentin ku humbën jetën 45 persona

Të fundit nga