ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ВО 2022 ДОНИРАШЕ 45.657.938,00 ДЕНАРИ 

December 27, 2022
1 minut lexim

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Нашата компанија настојува да го негува овој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество.

Во текот на 2022 од нашиот буџет одвоивме фонд за донации во вкупен износ од 45.657.938,00 денари. И оваа година без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата. За таа цел во текот на оваа година обезбедивме 15.131.003,00 денари за спортисти и спортски клубови, како и 30.526.935,00 денари, средства за донации од јавен интерес.

Оваа година сме горди на нашето партнерство со ФФМ, долгогодишната соработка со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, соработки со Горан Пандев и Кире Лазаров како наши бренд амбасадори, КФСМ, КК Работнички, ФК Шкупи, КБ МАИ ТАИ, РК Вардар.

Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Во склоп на овој проект, годинава во функција ставивме пет мултифункционални игралишта во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Липково и Охрид, како и едно инклузивно детско игралиште во Демир Капија.

Со реализација на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните, кои ќе продолжиме да ги негуваме и надградуваме и во иднина.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

 

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Politologu rus: Mjekët perëndimorë po e mbajnë gjallë Putinin, por fundi i tij është në dukje

Story i radhës

Këto shenja të zodiakut janë partnerët më të këqij

Të fundit nga

ShkoLartë