Што се реализираше во општина Гази Баба во првите 100 дена од мандатот на Стефковски?

February 10, 2022
1 minut lexim

Што се реализираше во општина Гази Баба во првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски?

Тој во интервју за Прес24 вели дека Гази Баба се гради и менува.

-Под ова мото може да се сублимираат резултатите од работата во општина Гази Баба во изминатите 100 дена. Уште од почетокот на мојот мандат како градоначалник на општина Гази Баба, со забрзано темпо се зафативме со реализација на изборната програма за која граѓаните ми ја дадоа довербата на изборите. Изминатите 100 дена работевме макотрпно и одговорно, чесно и посветено. За тоа говорат реализираните проекти и активности во скоро сите области. Со задоволство можам да кажам дека се што планиравме за првите 100 дена, го реализиравме, вели првиот човек на општината. 

-Асфалтиравме локални улици во должина од над 2000 метри и тампониравме улици во должина од над 2500 метри. Изградивме тротоари и пешачки патеки во должина од 1300 метри. Комплетно ја реализиравме првата фаза од изградбата на фекалната канализација во Страчинци, инвестиција вредна 5.173.334 денари. Ја започнавме втората фаза на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев, инвестиција вредна 10.603.377 денари. Го решаваме проблемот со водоснабдувањето на жителите во Брњарци и Раштак. Направивме реконструкција на резервоарот за водоснабдување во Црешево, го решивме проблемот со губењето на водата во Црешево по цели 25 години. Реконструиравме кошаркарски игралишта во Железара и Ченто со поставување на тарнат подлога и нови табли на кошевите, појаснува Стефковски. 

Тој порача дека најмладите се нивна инспирација и императив за кои се грижат да добијат услови за безгрижно детство, но и квалитетно образование и воспитание за што е отворено катче за учење и дружење во ООУ Стив Наумов во Автокоманда и сензорна соба во ООУ Дане Крапчев во Ченто.

-Од аспект на социјалната заштита, воведовме еднократна парична помош за секое новороденче во висина од 5000 денари и еднократна парична помош за секое првоодделенче во висина од 3000 денари. За прв пат во општината воведовме субвенции за надомест на трошоците на граѓаните за купени велосипеди и електрични тротинети, чистење оџаци и субвенции за вградување уреди за течен нафтен гас на автомобилите. Ова е само почеток, следуваат години на напредок и развој за нашата Гази Баба.

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Katër persona shpëtuan nga rrëshqitja e ortekut në Brezovicë, ekipet e kërkim-shpëtimit po vazhdojnë kërkimin

Story i radhës

Ndërtim pa leje në Spille, procedohen dy shtetas dhe dy punonjës të IMT-së

Të fundit nga

Moti sot i vranët dhe me intervale me diell

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës, njofton se sot parashihet të jetë jetë mot i vranët e me intervale me diell. “Temperaturat minimale do të lëvizin ndërmjet -5 deri -3 gradë celsius. Ndërsa, maksimalet
ShkoLartë