ВИДЕО: Се попиша и вицепремиерот Николовски

Вицепремиерот Љупчо Николовски во Крива Паланка ја исполни својата граѓанска обврска за попишување заедно со својата сопруга.

Тој посочи дека пописот е најважната статистичка операција, за креирање ефикасни мерки за исполнување на реалните потреби на граѓаните и за развој на сите региони.

Според податоците од Државниот завод за статистика, досега околу 1 милион и 518 илјади граѓани се веќе попишани.

„Преку овој процес доаѓаме до прецизни податоци за сите граѓани, за да може да се креираат ефективни мерки кои ќе донесат развој во секое населено место. Затоа упатувам голема благодарност до инструкторите, до реонските попишувачи и до сите од Државниот завод за статистика за професионалноста и посветеноста во успешното реализирање на пописот. После 20 години како земја членка на НАТО можеме, мораме и ќе имаме успешен попис и тоа патот по којшто ја трасираме иднината на нашата земја Република Северна Македонија“, рече вицепремиерот Николовски.

До крајот на следната недела се очекува да финишира попишувањето на населението, по што ќе следува сумирање на податоците.

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

AlternAtivA: Afrim Gashi e priti biznesmenin dhe veprimtarin Sahit Muja

Ngjarja e ardhëshme

Talebanët raportohet se kanë varur trupat e pajetë të katër personave në qytetin Herat

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian