ВИДЕО | Хрватски биолог предупредува: Македонија ја чека тешка зима ако вакцинацијата остане на овој процент

Македонија ја чека тешка и неизвесна зима со полни болници и голема смртност ако вакцинацијата остане на сегашниот процент, предупредува познатиот хрватски молекуларен биолог Иван Џикиќ, пренесе ТВ Сител.

– Проблемот во Македонија е на долг рок. Сѐ додека не го поминете прагот од 60-70 проценти вакцинирани што е многу тешко ако сега сте на 37 проценти. Сѐ додека не го постигнете потребниот процент Македонија ќе биде земја во која ризикот за бројот на починати ќе биде многу висок. Ако сте под 50 проценти тоа е алармантно и треба да се испрати порака до владата дека не смее да се дозволи да остане оваа состојба бидејќи во зима ќе имате не 7000, туку веројатно уште неколку илјади, вели проф. д-р Џикиќ.

За слабиот процент на вакцинација во голем број земји меѓу кои и Македонија, Џикиќ проблемот го гледа во институциите кои раководат со државата. Хрватскиот научник вели дека како опција постои и задолжителната имунизација ако Владите со нормални кампањи не успеат да ги мотивираат граѓаните.

– Слабиот процент на невакцинирани е недовербата на граѓаните во нивните власи. Тоа е главната причина. Другата причина е што владите не с еоднесуваа коректно, кампањите за вакцинација не беа добро подготвени и не постои јавна одговорност. Кога сѐ тоа ќе го ставите заедно тогаш имате граѓани кои велат јас не сакам, се плашам…вели Џикиќ.

Цела година не можат да здивнат од постковид компликации

 

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Organizim i jashtëzakonshëm nga “Jehona e Malësisë” kushtuar 150 vjetorit të At Gjergj Fishtës

Ngjarja e ardhëshme

Vendoset në funksion blloku i dytë i TEC Manastir

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian