ВИДЕО | Адамчевски: Во Русија ниту имало ниту ќе има драстична промена ни по Путин

Мирче Адамчевски, новинар и познавач на приликите во Русија и поранешен дописник од Москва во дешен Утрински брифинг ги анализираше состојбите по изборите во Русија.

За Адамчевски најголем впешаток од изборите во Русија е што во руската Дума успеа да влезе петтата партија основана од бизнисмени, која го премина прагот од пет отсто. Оваа партија би можела да внесе одредена свежина во земјата особено на полето на економијата, коментира Адамчевски.

-Сепак оваа партија на бизнисмените не беше изложена на притисоци како другите опозициски партии, вели Адамчевски. – Второто изненадување е што Комунистичката партија доби повеќе депутати, а тоа веројатно се должи на политиката на „умно гласање“ што ја промовираше сега затворениот опозиционер Алексеј Навални, вели Адамчевски.

Инаку „умно гласање“ подразбира да се гласа за кого било освен за партијата што го поддржува Путин.

Но, без оглед на сѐ, Путин ја има поддршката од јавноста уште од 2000 година и има висок рејтинг. Како што коментира Адамчевски, на овие избори по сѐ изгледа Путин се посомнева во капацитетот на пропутиновата партија на Дмитриј Медведев, па Медведев беше потргнат на страна и на првите места на пратеничките листи беа поставени Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

На прашањето дали има промени во свеста кај граѓаните во Русија, Адамчевски вели дека секако оти има, но со оглед на мерките што беа преземени, како што е Законот за странски агенти донесен пред неколку години, луѓето се повлекуваат од јавно говорење и се враќаат, како на времето во СССР да разговараат по домовите во кујните.

-Сега бројни медиуми се означени како странски соработници. А во Русија патриотизмот е голема работа. Овие медиуми ќе се соочат со проблеми со материјалното работење оти тешко дека некој би платил реклама во медиум означен како странски, вели Адамчевски.

Тој не очекува некаква драстична промена во Русија дури и кога нешто би му се случило на Владимир Путин кој сигурно е еден од најчуваните луѓе на светот, а нов лидер на земјата нема на повидок.

ВИДЕО | Андоновиќ: „Единствена Русија“ освои 47 отсто од гласовите на изборите кои се обележани со обвинувања за нерегуларности

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

‘Patriotët’ që nuk reaguan kur politikanët u përqafun me fëmijët e tyre me Ivica Daçiqin, sot i reagojnë Kosovës për ‘bllokimin’ e Serbisë!

Ngjarja e ardhëshme

​Zgjedhjet në Kanada, Trudeau kryeministër për herë të tretë

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian