Сончево и топло до 32 степена

Времето утрово ќе биде студено, а во текот на денот  сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 28 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури.

Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Извор: МИА

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Njihuni me parashikimin e motit për ditën e sotme

Ngjarja e ardhëshme

Krim i tmerrshëm në Kroaci: Babai mbyti tre fëmijët e tij të mitur, pastaj u përpoq të vriste edhe veten

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian