Oпштина Илинден дава еднократна парична помош за секое новороденче

Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на Општината. 

Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка на младите родители, a  со оваа мерка ќе се влијае и на зголемување на природниот прираст на населението. 

Потребните документи за аплицирање ќе бидат наведени во Барањето за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденче, кое ќе биде прикачено на официјалната веб-страна на Општината (www.ilinden.gov.mk) и ќе може да се подигне од Архивата на Општина Илинден.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Mbi 20 mijë raste aktive me COVID-19 në Maqedoninë e Veriut

Story i radhës

ВИДЕО | Бендевска: Секој има право и треба да се бори за своето право, а за тоа има институции

Të fundit nga