Кривична пријава против две лица од Кочани за “повреда на слободата на определување на гласачите” 

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела “повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од КЗ. По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот.

Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се. Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со Дежурен ОЈО Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани.

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Kështu do të mbajë moti ditën e zgjedhjeve në Maqedoni

Ngjarja e ardhëshme

Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато до завршување на изборите

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian