Касами очекува гласови од СДСМ и победа со 2:1 против Теута Арифи во вториот круг

Очекувам да победам во Тетово со 2:1 во вториот круг од изборите, изјави претседателот на БЕСА и кандидат на партијата за градоначалник во Тетово, Билал Касами во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Тој истакна дека ја очекува поддршката од сите граѓаните на градот, без разлика на партијата.

-Сите живеевме во град со ѓубре, опасност од кучиња, без пат и вода за пиење и тоа мораме да го промениме, рече Касами и додаде дека на централно ниво имаат стабилна владина коалиција.

-И понатаму ќе бидеме дел од Владата. Очекувам од СДСМ да ме поддржат во Тетово, рече меѓу другото Касами.

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Squid Game është shfaqja më e shikuar në historinë e Netflix

Ngjarja e ardhëshme

BDI në balotazh me 4 parti kundërshtare, 2 maqedonase e 2 shqiptare

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian