(ИНФОГРАФИК) ВМРО-ДПМНЕ освои пет скопски општини, СДСМ во втор круг ќе се бори за Центар, Шуто Оризари и Карпош

Пет скопски општини со околу 315.000 жители, кои досега имаа градоначалници од Социјалдемократскиот сојуз, вчера добија нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, откако беа преброени безмалку сите гласови во Скопје, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ги освоија Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Гази Баба уште во првиот круг, освојувајќи повеќе од 50 проценти од гласовите на излезените гласачи.

Во Аеродром, нов градоначалник е Тимчо Муцунски, со освоени 55,15 отсто од гласовите (18.814), над двојно повеќе од кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски (8.950 гласа, 26,19 отсто)

Извор: ДИК

Во Бутел, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски освои 9.012 гласа или 52,79 отсто од гласовите, наспроти досегашниот градоначалник Велимир Смилевски од СДСМ со 6.831 глас или 40,01 отсто.

Извор: ДИК

Во општината Кисела Вода, нов градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој со 14.691 глас или 52,51 отсто го порази досегашниот прв човек на општината, Филип Темелковски од СДСМ, кој освои 7.691 глас или 27.48 отсто.

Извор: ДИК

Во Гази Баба, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски освои 17.910 гласа или точно 60 отсто од гласовите, додека Борис Георгиевски од СДСМ има 8.804 гласа или 29,49 отсто.

Извор: ДИК

СДСМ ќе бара шанса во вториот круг во општината Карпош, каде нивниот кандидат Душко Весковски освои 32,25 отсто од гласовите (9.296 гласа). Против него во вториот круг ќе се бори кандидатот на ГРОМ, поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој освои 6.830 гласа или 23,69 отсто, односно само 279 гласа повеќе од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски (6.551 глас, 22,71 отсто). ГРОМ И ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција на централно ниво, а Јакимовски пред изборите рече дека имаат договор за заемна поддршка во вториот круг на изборите за градоначалници.

Извор: ДИК

Во општината Шуто Оризари, кандидатот на СДСМ и коалицијата, Ферат Асан, освои најмногу гласови во првиот круг – 3.280 (37,07 отсто) и во вториот круг ќе се бори против кандидатот на ЛДП и ДОМ, Курто Дудуш, кој во првиот круг имаше 2.246 гласа или 25,38 отсто.

Извор: ДИК

Во Чаир, кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу (16.020 гласа, 48,87 отсто), за малку не успеа да обезбеди победа во првиот круг и во вториот ќе се бори против кандидатот на АА/Алтернатива, Беким Сали, кој освои 9.849 гласа, односно 36,97 отсто.

Извор: ДИК

Втор круг ќе има и во општината Центар, каде кандидатот на СДСМ, Горан Георгиевски, со преброени 98,41 отсто од гласовите, има освоено 8.890 гласа, односно нешто над 40 отсто, додека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар-Трајкова има 7.333, односно 33,23 отсто од гласовите.

Извор: ДИК

Неизвесна борба се очекува за највредното градоначалничко место, она во Град Скопје, каде кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, од 98,34 отсто обработени гласови, освои 85.657 гласа, односно 37,69 отсто од гласовите, додека актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, има над 8.000 гласа помалку – 77.522 (34,25 отсто).

Извор: ДИК

Двајцата кандидати во финалето од изборниот мегдан ќе очекуваат дел од големиот број кои во првиот круг отидоа на контата на неколкуминадруги кандидати, како Перо Георгиевски-Камиказа од Левица (20.300 гласа) и Арбен-Бени Шаќири од ЛДП-ДОМ (8.856).

Извор: ДИК / Инфографик: Слободен печат

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

30 vende të botës bashkojnë forcat për të luftuar ransomware

Ngjarja e ardhëshme

Zaev: Qytetarët po kërkojnë mobilizimin tonë

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian