(ИНФОГРАФИК) Што предвидоа агенциите? Повеќето анкети ја открија промената во јавното мислење

Од седум релевантни анкети објавени пред изборите, најмалку четири сугерираа дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе постигне значително подобар резултат наспроти СДСМ. Анкетите на агенциите ИПСОС, МЦМС, ИПИС и НДИ, објавени од април до октомври годинава, укажувале на уверлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори, за разлика од анкетите на ИРИ, Стратум и Брима, од чии испитувања на јавното мислење не може да се извлече таков заклучок.

Анкетата на МЦМС од април годинава покажува дека 22,4 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ. Следната најголема поддршка е за ДУИ (8  отсто), за Алијанса за Албанците ќе гласаат 6,2 отсто, а за Левица 5,2 отсто од испитаниците. Од аспект на етничката припадност на испитаниците, 31,5 отсто од етничките Македонци се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 26,9 отсто за СДСМ и 7,3 отсто за Левица.

Анкета на МЦМС од април 2021 година, Изработил: Елисавета Бејкова

Во анкета на ИПСОС спроведена овој месец за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите покажале дека за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 22 отсто, за СДСМ 16 отсто, за ДУИ 7 отсто, за Левица 6 отсто, а за Алијанса на Албанците 5 отсто од испитаниците.

Во анкетата на ИПИС спроведена во март годинава, телефонски, врз репрезентативен примерок од 1.109 полнолетни граѓани, ВМРО-ДПМНЕ водеше пред СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 23,1 отсто од испитаниците,  а за СДСМ 21,2 отсто, што значи дека опозицијата имала предност од 1,9 проценти пред партијата на власт.

Националниот демократски институт (НДИ) спроведе анкета во март и април годинава. И според таа анкета, ВМРО-ДПМНЕ водело пред СДСМ. На прашањето „Ако на избори излегуваат партии, а не коалиции, за која партија би гласале?“, 14 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 10 отсто за СДСМ, по 5 отсто за ДУИ и за Левица, 4 за Алијанса/Алтернатива. Интересно е тоа што дури 50 отсто од граѓаните што учествувале во анкетата немале доверба во никој од политичарите.

Анкета на НДИ од март и април 2021 година, Изработил: Елисавета Бејкова

Агенцијата Брима, која вршела анкета на крајот на август и почетокот на септември, добила резултати според кои 19,8 отсто од испитаниците би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7 отсто за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 7,5 отсто за ДУИ, 5,6 отсто за Алијансата на Албанците, 4,6 отсто за Движењето БЕСА, 3,3 отсто за Левица. Интересно, во оваа анкета 2,4 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8 отсто се изјаснуваат дека нема да гласаат.

Анкета на Брима август-септември 2021, Изработил: Елисавета Бејкова

Анкетата на Стратум, изготвена на почетокот на октомври покажа дека 24,9 отсто од граѓаните би гласале за советничките листи на СДСМ на локалните избори, а 22,8 отсто за листите на ВМРО-ДПМНЕ.  За ДУИ се определиле 10 отсто, за Алијанса на Албанците 9,3 отсто. На прашањето „Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда?“, за СДСМ се определиле 27,1 отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7 отсто, за независна листа 13,4 отсто, за ДУИ 11 отсто, за Алијанса на Албанците 10 отсто, за Левица 6,5 отсто.

Анкета на Стратум во октомври 2021, Изработил: Елисавета Бејкова

Според анкетата на ИРИ, објавена во јуни годинава, СДСМ би освоил 19 отсто од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ имала поддршка од 16 отсто од избирачите. Трета партија, според рејтингот, била ДУИ, за која би се одлучиле 8 отсто, а зад неа биле Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4 отсто од гласачите. На оваа анкета, објавено неколку недели пред гласањето, дури 21 отсто одговориле дека не знаат за кого би гласале, а 9 отсто дека воопшто нема да гласаат.

Анкета на ИРИ од јуни 2021, Изработил: Елисавета Бејкова

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Përçahet ASH me AAA. Sela me Kasamin, Alternativa me Teuta Arifin!

Ngjarja e ardhëshme

Ексклузивно дел од ЕУ извештајот: Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Северна Македонија

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian