ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на изборите за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Се очекува, претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата официјално да соопшти во кои општини ќе се гласа за градоначалници во вториот круг од изборите и каде ќе се повтори гласањето од првиот круг на изборите, како и да го соопшти бројот на советници што партиите и независните листи го освоија на изборите.

Болните и немоќните кои сакаат да гласаат на вториот круг на изборите ќе можат да се пријават во општинските изборни комисии до вечерва на полноќ (23 октомври), а правото на глас во своите домови ќе можат да го искажат и болните и немоќните кои беа веќе пријавени во првиот круг од изборите.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.

Болните и немоќните, лицата со ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.

Извор: МИА

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Ermal Mamaqi zbulon aktorin e njohur që ka refuzuar të puthë në buzë Megi Pojanin

Ngjarja e ardhëshme

Rrëfim i tronditës i shokut të burrit që vrau bashkëshorten në Greqi: Ka pasur lidhje të fshehtë me një grua tjetër

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian