Арифи: Се асфалтира продолжението на булеварот „Благоја Тоска”, делницата ќе се заврши во првите 100 дена

Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи информираше дека започна асфалтирање на продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска”. Градежните работи започнаа во август, а градоначалничка вели дека ќе се реализира целата делница во првите месеци од наредниот мандат.

-Започна асфалтирањето на првиот сегмент за продолжението на булеварот Благоја Тоска. Во првите 100 дена од нашето раководење со општина Тетово ќе го завршиме овој проект, како капитално инфраструктурно решение за градот, потенцира Теута Арифи.

Од општина Тетово информираа и дека продолжува реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур”, проект кој исто така од градоначалнилката се најавува дека целосно ќе биде ставен во функција во првите 100 дена од новиот мандат.

Извор: МИА

ИЗВОР: slobodenpecat.mk

Ngjarja paraprake

Rrethi i dytë i zgjedhjeve vendore, KSHZ me plan të ri për të siguruar proces të pandërprerë

Ngjarja e ardhëshme

Borisov: Me RMV-në s’ka bisedime pa u plotësuar kushtet

të fundit nga

AlbanianEnglishMacedonian