Шпанија ни дава целосна поддршка за преговори со ЕУ, му кажа амбасадорот Гарсија на Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го прими амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Хозе Луис Лосано Гарсија, на која, како што информираат од владината прес-служба, било истакнато „повеќедецениското пријателство и билатерални односи на многу високо ниво меѓу двете земји“ и била искажана отвореност и волја за продлабочување на економската и трговската соработка, како и соработката во областа на туризмот, културата и образованието.

На средбата, шпанскиот амбасадор Гарсија, од свое лично име и од името на шпанскиот премиер Педро Санчез, му пренел честитки за изборот на премиерот Ковачевски и новата Влада, посакувајќи успешна соработка и остварување на програмата и дека Кралството Шпанија дава јасна и недвосмислена поддршка за што поскоро отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Ковачевски, се вели во соопштението, ја повторил благодарноста за брзата ратификација на Протоколот за нашето членство во НАТО, од Парламентот на Шпанија и покрај пандемиските услови, со што се заокружи пристапниот процес на нашата земја како 30-та членка на НАТО.

На средбата, Ковачевски, исто така, го информирал шпанскиот амбасадор за новата енергија и динамиката утврдена со неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков, во однос на воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи, кои како што било подвлечено се добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

67-годишник учествувал во тепачка во Гази Баба

Story i radhës

Krimi brutal, i riu vret të dashurën në vaskë me acid

Të fundit nga