ФОТО | Картонски фигури од Свети Сава: Сцени од Скопје ги збунија Србите

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Светосавската академија, која се одржа на 27 јануари во Скопје по повод Националниот празник на Србите во Македонија, а организаторите за да го надоместат недостигот од гости, дојдоа до идеја да постават картонски фигури од Свети Сава на празните столчиња.

Поради актуелната епидемија на коронавирус, голем број луѓе не можеа да присуствуваат на настанот, па салата не можеше да се наполни до последното место.

Официјалните фотографии од настанот го обиколија регионот, посебно Србија. Темата на свеченоста секако била испочитувана, во салата доминирал ликот на Свети Сава, но останува нејасно зошто организаторите се одлучиле за оваа стратегија.

 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Gjithsej 136 dënime për tejlaim shpejtësie në Tetovë dhe Gostivar

Story i radhës

Prishtina përgatitet me intesitet në Turqi

Të fundit nga