Сточарот од пехчевско повикан на распит поради видеото поради кое Анима Мунди обвинува за малтретирање домашно животно

Сточарот Александар Мачевски во чиј дом беше снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди” излезе со обвинување за малтретирање на животно, утре е повикан на распит во полицијата. Информацијата ја потврди самиот сточар кој денеска во обраќање до јавноста истакна дека здружението со објавата на видео снимката на својот фејсбук профил и тврдењето дека намерно малтретираат животно, го загрозил угледот на семејството Мачевски, кое со сточарство се занимава од 2006 година.

 

– Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што ги поканив луѓето кои ми помогнаа да ги товарам јагнињата за продажба. Лично беше поканет како роднина и инспекторот, за да се почестиме што успешно ги продадовме јагнињата. Како дел од традицијата на крајот се свири песната „Изгубено јагне”, татко ми го зема јагнето од шталата го носи врзано на масата, се свири песната, завршува песната и јагнето се враќа во шталата и толку тоа трае адетот 2 минути. И потоа почнаа критики видеото го објави Анима Мунди, презедоа многу портали и имаше многу навреди, вели Мачевски.

Со сточарство од ова семејство се занимаваат 10 луѓе кои многу се повредени, со како што вели погрдни зборови кои биле кажани после објавата на Анима Мунди.

– Јас ќе покренам постапка и друга личност од Берово која сама ќе се препознае што ме нарекува „простак” и слично. Години и години ја чувам стоката, јас ако не ја „чувам” стоката, нека дојдат тие од Скопје што навредуваат да видат како се чува стока. Имам поддршка од цела Малешевија и сум на план да закажеме мирен штрајк овде во Малешевијата, а имам поддршка и од сточари од Виница и други краеви. ако ми се нанесе штета после ова ќе продолжиме ќе штрајкуваме ако треба и пред Владата, додава Мачевски.

Ако биде обвинет вели дека ќе ги подмири трошоците, но со ова според него се уништува сточарството и сакаат да им наштетат на чесните семејства.

– На Анима Мунди им порачувам да видат како се стрижат овци, дали со врзани нозе или како се стрижат овци. Пример на 20 мај јас ќе ги стрижам овците, и ако ги врзам овците ќе ме слика некој и ќе речат малтретирање на животно. Не е тоа малтретирање на животно, лично јас имав повреда од животно мене никој не ме заштити. Јас сум љубител на стоката, ќе работам со стоката и секогаш ќе останам на тоа, но со тие критики не, додава Мачевски.

Доколку биде обвинет за како што вели нешто што се практикувало со години и е дел од Малешевската традиција, Мачевски е на план со семејството да се исели од државата, а стоката да ја подари на државата.

Претходно Анима Мунди поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор кој бил присутен за време на снимање на посоченото видео со невиното животно, а реакции со осуда за случката имаше и од страна на министерот Љупчо Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Vazhdon të jetë në gjendje të rëndë personi i plagosur me armë zjarri në Gjakovë

Story i radhës

Formati i ri i Champions-it?

Të fundit nga