Спасовски: Наскоро ќе биде заокружена финансиската конструкција за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град” (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот.

– Во однос на „Безбеден град” ја правиме финансиската конструкција која не е мала. Јас очекувам дека наскоро ќе ја заокружиме таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот. Ќе барам секако поддршка и од вас медиумите и од граѓаните во однос на реализацијата на овој проект, бидејќи ќе биде многу важен, бидејќи ќе го исклучиме човечкиот фактор, нема да имаме селективност во ниту еден случај, ќе биде транспарентно и јас се надевам дека тоа многу ќе помогне во подигањето на јавната свест за сообраќајната култура, генерално кај граѓаните на Северна Македонија, нагласи Спасовски.

Тој посочи дека за проектот се потребни поголеми финансиски средства, за кои очекува дека ќе бидат обезбедени и додаде дека постојат неколку модели кои ги разгледуваат.

Спасовски објасни дека тоа не мора да значи надградба на постоечкиот систем, туку може да се одлучи за друго решение – јавно-приватно партнерство, вложување во друга компанија или слично.

– Во однос на актуелниот систем на „Безбеден град” добро е да погледате, да истражите. Ние имавме една власт до 2017 година која што вложуваше во прислушување на граѓаните и затоа јас наследив долг од 40 милиони евра ,затоа немаа полицајците униформи, затоа немаа возила, немаа други работи, бидејќи имавме таква определба која што ја имавме, а системот за т.н. „Сејф сити” беше поврзан и се користел исклучиво за Управата за безбедност и контраразузнавање, нагласи министерот за внатрешни работи.

Тој потенцираше дека треба да се одбере опцијата која што е најповолна за МВР и за државата.

– Инаку кој и да го одбереме од тие системи ќе мора да има одржување. Тука немаме дилема. Дали ќе имаме ефикасност? Јас истакнав дека очекувам пред се системот да помогне во јакнењето на јавната свест. Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2013 имавме 198 жртви, 2021 имаме 11 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР. Од 2016 година до денеска, имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалувањето на тешки телесни повреди, на сериозни штети итн. Ова е комплексен проблем. Мора и образовниот систем да преземе дел од одговорноста затоа што сообраќајната култура се стекнува од мали нозе, меѓутоа наше е да направиме се за да го подобриме тој систем на безбедност на патиштата, посочи Спасовски.

На новинарско прашање околу информациите за јавни набавки од компании кои се на „црни листи”, министерот истакна дека сите набавки коишто се прават се објавуваат во Бирото за јавни набавки.

– Можете да извршите увид во секоја една набавка која што е направена, така што во тој дел апсолутно постапките се одвиваат многу транспарентно. Е сега, во однос на набавките коишто се во делот на безбедноста, тие се многу мали набавки и такви фирми коишто се наоѓаат на „црни листи” во моментот не се соработници на Министерството, потнецираше Спасовски.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Герасимовски: Со 17 асистенти во училиштата овозможуваме инклузивност на децата со попреченост

Story i radhës

Kur pritet që Regi Lushkja të debutojë me Sherif Tiraspolin?

Të fundit nga