Сандри: Северна Македонија е држава којашто решава прашања и е сериозен партнер

Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Северна Македонија гледа држава лидер во решавањето прашања и во тој дух ја продолжува и меѓусебната соработка, порача претставничката на УНХЦР во нашата држава Моника Сандри на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Како што соопшти владината Прес-служба, на состанокот е разговарано околу реализацијата на повеќе важни прашања од Агенда 2030, којашто се однесува на Целите за одржлив развој на ОН, а е универзален документ чијшто потписник е и земјава.

– Во таа насока е изразена верба за целосно спроведување на определбата за заштита на правата на сите луѓе кои живеат во нашата држава, како и за системска имплементација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, кон којашто пристапи Северна Македонија. УНХЦР во тоа гледа важен чекор кон глобалните напори за ставање крај на оваа појава, а во унапредувањето на ваквите заложби во светски рамки, во Република Северна Македонија препознава сериозен партнер, се наведува во соопштението.

Премиерот Ковачевски и се заблагодари на Сандри за помошта и придонесот на УНХЦР, како во нашата држава, така и во регионот, посебно во делот на човековите права.

– На иста линија сме со ОН во делот на спроведувањето на целите за одржлив развој и Агенда 2030 и подготвени сме да го реафирмираме процесот низ прецизна динамика на реализација на преземените обврски од страна на нашата држава. Согласно тоа, ќе работиме и заедно со УНХЦР во делот на сѐ што значи заштита на човековите права на сите луѓе кои живеат во нашата земја, според меѓународните конвенции и стандарди, рече премиерот Ковачевски.

УНХЦР, како што соопшти Сандри, останува посветена на поддржување на Владата и институциите во постигнувањето на Целите за одржлив развој и на обврските од Агендата 2030.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Тешка сообраќајна несреќа вечерва пред Влада

Story i radhës

Mariçiq: Maqedonia ka ligjin më liberal për shprehje në Evropë

Të fundit nga