Сали: Лицата со коморбидитети да се вакцинираат, сѐ уште нема починат кој примил трета доза

Бројот на граѓаните кои примиле прва доза на вакцина против Ковид-19 не е доволен, но уште понезадоволително е тоа што е многу мал бројот на оние кои примиле трета доза, која е најсигурниот штитник, особено за пациентите со коморбидитети, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, упатувајќи апел до ова група граѓани што побрзо да се обратат на вакциналните пунктови за да се заштитат.

– Нашите првични анализи, кои не се финални, ни даваат до знаење дека третата доза е најсигурниот и најбезбедниот штитник. Апел до сите наши граѓани, ги молиме сите што имаат коморбидитети, што побрзо да се обратат кон сите вакциналните пунктови за да се заштитат, изјави Сали во одговор на новинарско прашање, по примопредавање на првиот дел од донацијата од Италија од 250 илјади дози вакцини против Ковид-19.

На прашањето колку пари се трошат на уништување на вакцини, со оглед на тоа што кон крајот на месецот ќе бидат уништени 300 илјади вакцини, Сали рече дека сега не е момент на финансиска калкулација, но информираше дека уништување на една вијала од шест дози вакцини чини 0,29 денари.

– Сметаме дека не е момент на финансиски калкулации. Ние сме во период на една пандемија која трае, иако одредени држави веќе ја сметаат за завршена приказна, но ние се занимаваме со терцијални или секундарни работи, а приматот го забораваме. Уништувањето на вакцините скоро и да не чини многу колку што се пропагира. Една вијала која што е шест дози на вакцини чини околу 0,29 денари и мислам дека не би требало да се прави некоја политика за уништувањето на вакцини, колку што е важна навремена вакцинација на нашиот народ, додаде министерот за здравство.

Тој уште еднаш испрати апел до граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат од вирусот.

-Ние ова не го гледаме од апсект на кампања за да ги трошиме вакцините, за да не ги уништуваме. Наша кампања е со цел заштита на здравјето на населението. Сметам дека секој од нас има изгубено близок од семејство или пријател и знаеме колкава е тага на секој од нас поради фактот што сме ги изгубиле заради немање вакцини. Мислам дека го правиме она што е најсигурно и најбезбедно за нашиот народ, рече Сали.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Këtë pasdite në Kosovë temperaturat pësuan rënie rapide për 10 gradë

Story i radhës

E ardhmja e Ibrahimovic në rrezik

Të fundit nga