Решени 1.000 барања од граѓани преку мејл-адресата на Град Скопје

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Në 52-vjetorin e UP-së, inaugurohen hapësirat e përbashkëta të fakulteteve teknike

Story i radhës

Maqedonia Veriore/ Më 25 shkurt protesta para Qeverisë, shkas kriza me energjinë elektrike

Të fundit nga