Проф. Овчаров: Во Бугарија немало фашистички режим

Бугарските политичари со положување на свежо цвеќе на спомен плочата пред Националната палата на културата во Софија беше одбележан 1. февруари – денот на сеќавање на жртвите од комунизмот во Бугарија. Прашањето за жртвите на комунизмот но на македонска територија е едно од отворените меѓу Северна Македонија и Бугарија и предмет на билатералните преговори за отворање на патот на државава кон ЕУ додека пак Бугарија се гордее што во текот на Втората светска војна од Бугарија не се депортирани Евреите, за разлика од депортацијата на над 7.000 македонски Евреи кои во Треблинка од страна на бугарската фашистичка управа во тој период.

-Историјата мора да се знае, бидејќи ако не ја знаеме, нема да ја знаеме иднината. Сега е особено актуелна, бидејќи историското знаење неодамна стана исклучително важно. А дефинитивното мислење на историската наука е дека не постои фашистички режим во Бугарија“, изјави археологот проф. Николај Овчаров во студиото на „Бугарија во етер“.

Тој признава дека имало фашистички партии и организации во Бугарија, но треба многу внимателно да се користи терминот „фашизам“.

-Може единствено да се користи само во Италија, каде што има класичен фашизам. Во Германија многу често се говори за „германски фашизам“ – нема такво нешто, се вели „германски нацизам“. Многу малку луѓе знаат дека фашистичкото движење во Велика Британија беше многу силно во годините пред Втората светска војна, додава проф. Овчаров во емисијата.

Запрашан дали се извлекуваат поуки од минатото, тој рече: „Не секогаш го правиме тоа, a треба. Го обожавам прекрасното образование што го имаат нашите нови министри. Сите се економисти. Курсевите на Харвард им даваат одлично образование на многу млади луѓе, но би било убаво да има и курсеви по историја. Нашата историја е тешка. Гледаме дури и со PCM колку е тешко да се донесе вистинската одлука“, рече Овчаров.

Според него, не може да има мултиперспективност, како што инсистираат македонските историчари. Тој нагласи дека тоа ја искривува историјата.

„Сакам да им дадам сила и време на овие млади луѓе. Денеска видовме дека и Радев се спротивстави на посетата на Скопје. Тоа е качунка кратко после дождот. Засега не се изјаснуваат дека ќе ја нарушат историската вистина. Многу треба да се внимава со северномакедонските политичари. Во ист ден можат да кажат две различни работи“, рече проф. Николај Овчаров.

Историчарот призна дека е скептичен дека без решавање на историските прашања може да се решат и економските.

„Историската вистина е една. Ако се повлечеме од нашата позиција, им ја одземаме основата на луѓето во РСМ кои сакаат да бидат Бугари. Ако признаеме дека Самоил е македонскиот крал, ќе се чувствуваат ли како Бугари?“ запраша тој во контекст на историските личности меѓу кои е и цар Самоил и кои се предмет на разгледување на Мешовитатата македонско-бугарска историска комисија.

Тој ја оцени како провокација средбата на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски со нерегистрираното во Бугарија движење ОМО „Илинден“.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Sindikata, punëdhënësit dhe Qevera sot do t’i shqyrtojnë argumentet për pagën minimale

Story i radhës

Reshjet e dendura të dëborës në Librazhd, rrugët në fshatra të pakalueshme

Të fundit nga