Професорката од Тетовскиот универзитет Рабије Мурати е избрана меѓу сто највлијателни жени во светот

Универзитетската професорка од Тетово, Рабије Мурати, е избрана меѓу сто жени со најголемо влијание во светот од страна на АЛЛ (АLL Ladies League) – мултинационално движење на Глобалното сестринство.

Таа е дел од групата наречена Г100, во која се именувани жени-лидерки во различни сектори. На листата се и повеќе жени од Северна Македонија, а професорката Рабије Мурати е вклучена поради нејзините достигнувањата во сферата на науката. Таа е доктор на педагошки науки, долгодишен редовен професор на Универзитетот во Тетово и продекан на Педагошкиот факултет.

– Идејата на ова меѓународно движење е како да се зајакнат жените на глобално ниво и се залагаме за еднакви права и можности на жените и мажите. Во оваа група членуваат жени кои се докажани во својата струка, во општеството, на научно ниво итн. Сакаме да ги поттикнеме жените да дојдат до израз и да дадат придонес во насока тоа што повеќе да се цени и вреднува жената. Ги охрабруваме сите жени да направат напор, секоја во својата бранша да создадат што поголеми капацитети. Г100 е еминентна група на 100 жени лидери и посилни во свет со визија за да влијаат во иднина, изјави проф. д-р Мурати.

Таа инаку е претседателка на регионалното седиште на АЛЛ за Полошкиот регион во секторот за комуникации и застапување.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Covid-19/ Mbyllen 7 çerdhe, 73 edukatore e 46 fëmijë të infektuar në gjithë Kosovën

Story i radhës

ПРЕКУ 4,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ДОНЕСЕ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Të fundit nga