Подвидот на омикрон БА2 пристигна и кај нас? Се испитуваат примероците на петмина пациенти

Примероци од петмина пациенти тестирани за КОВИД-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2, ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи откако ќе заврши целата процедура, изјави за МИА д-р Дукаѓин Османи од Институтот за јавно здравје, кој од вчера е и член на Комисијата за заразни болести.

Овие петмина, посочи тој, имаат индиции на овој тест дека се работи за таа подваријанта, но тоа не може да се потврди додека не заврши секвенционирањето.

– Начинот да се потврдат кои било варијанти нови или тие што веќе се во оптек во светот е секвенционирањето. Во светот има и нови тестови кои даваат насоки за која варијанта или подваријанта се работи. Тие се наменски направени за постоечките варијанти. Во ИЈЗ ги користиме и тие тестови и тие најмногу користат како тест за селекција за секвенционирање. Не само тие пет може да има и други селектирани примероци. Можно е да се најде варијанта која воопшто не постои во светот, рече д-р Османи.

Од Министерството за здравство за МИА информираа дека до овој момент, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје не се детектирани подваријанти на омикрон.

– Стручните лица ги селектираат примероците кои се квалификуваат за да се секвенционираат и јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови аспекти од овој процес, потенцираа од Министерството за здравство.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Gjykata e Apelit refuzon akuzën për korrupsion ndaj Ilir Tolajt

Story i radhës

Trepça ’89 nuk ndalet me përforcime

Të fundit nga