Петков го обвини Пендаровски дека провоцира и го блокира процесот меѓу Скопје и Софија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ денеска изјави дека „постојат сили и во Северна Македонија и во Бугарија кои не сакаат да имаме добрососедство и стабилност на Балканот“.

На прашањето за постапките на претседателот Стево Пендаровски, кој минатата недела се сретна со претставници на Македонците од Бугарија, Петков одговори дека „тие сили ќе ја искористат секоја можност што ја имаат во наредните недели за да го блокираат процесот“.

„Убавото кај човек што има јасна визија што сака да направи е дека не треба да потпаѓа на провокации. Премиерот Димитар Ковачевски и јас, Кирил Петков, сме одговорни за надворешната политика во нашите односи, заедно со Владата“, рече Петков, додавајќи дека има доверба во Ковачевски.

Бугарскиот премиер потврди дека утре заеднички ќе се чествува 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Тој кажа дека најверојатно ќе присуствува на манифестацијата во Благоевград, заедно со претседателот Румен Радев.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Sot 24 të vdekur dhe 1.715 raste të reja me COVID-19 në Maqedoni

Story i radhës

Covid 19/ Ky është bilanci për 24 orët e fundit

Të fundit nga