Невработеноста дополнително ќе опаѓа, велат од СДСМ

Од владејачката СДСМ денес соопштија дека оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, носи видливи резултати.

За реализација на оваа мерка за 2022 година во Буџетот се обезбедени 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра.

Од СДСМ велат дека претходно, во 2021 година, оперативниот план беше со висока реализација од над 94 отсто и со него се опфатија 11.292 невработени лица.

4.000 лица минатата година се вработиле само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство добија младински додаток на платите, се вели во соопштението.

Тие информираат дека веќе четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади” кој опфаќа невработени млади лица на возраст до 29 години. Лани со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени лица од кои 75% биле жени.

Дополнително, Меѓународниот монетарен фонд потврди дека околу 60.000 работни места се спасени со мерките за помош во време на криза.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

OBRM-PDUKM: Për shkak të paaftësisë së autoriteteve shëndetësore javën që shkoi humbën jetën 180 persona

Story i radhës

Pamje të rënda: Ylli i Manchester United ushtroi dhunë në të dashurën e tij, kjo është gjendja e saj!

Të fundit nga