Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Најстудено изутрина е во Берово, каде се измерени – 11 степени, по што следат Битола со -9,  како и Берово и Скопје-Петровец – 7. Минус шест степени се регистрирани во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица,  -5 во Тетово, Штип, Гевгелија и Куманово, -4 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Дебар, -3 во Охрид и Виница, -2 во Маврови Анови и Попова Шапка, 0 Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисока снежна покривка од 49 сантиметри има во Маврови Анови, во Попова Шапка 30, Крушево и Пожаране со по 25 односно 24…

Според прогнозата на УХМР, времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала облачност, а во западните делови умерено до значително облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми и во останатите делови, а во текот на ноќта кон недела во крајните западни делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

117 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Story i radhës

Iu gjetën kokainë dhe mbi 2000 euro në banesë, arrestohen dy persona në Korçë

Të fundit nga