Муцунски на средба со унгарскиот амбасадор Дукс: Обезбедување европски проекти за нашата општина

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска освари средба со унгарскиот амбасадор во Македонија, Ласло Дукс.

-Во градењето на европска и успешна општина значаен придонес имаат и советите од амбасадорите во нашата држава со кои можеме да размениме меѓусебни идеи. Разговаравме на повеќе теми, а акцент ставивме на соработката во делот на искуствата за развој на инфраструктура на паркови, економска соработка, но и обезбедување европски проекти за нашата општина, информираше по средбата Муцунски. 

Тој порача дека крајна цел е имплементација на проекти од кои најголема корист ќе имаат жителите на Општина Аеродром.

-Унгарија е пријателска држава на Македонија и затоа продолжуваме да ги надградуваме билатералните односи, додава градоначалникот на Аеродром. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Kovaçevski: Deri më 2023 ulje të tatimit personal në IT nga 10 në 0 përqind

Story i radhës

ДУИ до ВМРО-ДПМНЕ: Престанете со лажни вести и сокривање на неспособноста на „пуч-коалицијата 61″

Të fundit nga