Министерството за земјоделство најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони

Дополнителна субвенција за млеко по квалитет, зголемена поддршка за говедата, авансна и линеарна субвенција во овоштарството (исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата) и донесување три нови закони за усогласување европските земјоделски политики – закон за директни плаќања, закон за руралниот развој и закон за уредување на пазарите, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој соопшти дека Владата на седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година.

Објаснувајќи ги детално предвидените новини во Програмата, министерот напомена дека годинава ќе се анализира и ефектот од субвенциите, од што треба да произлезат податоците за креирање на натамошните земјоделски политики.

Се планираат и мерки, рече, за елиминирање на манипулациите од страна трговците, како и од „ловците на субвенции”.

– Нема повеќе време за чекање за вистинска реформа во земјдоелството. Од оваа година се усогласуваме со европската регулатива, воведуваме европски мерки и не бегаме од одговорност, туку се зафаќаме со решавање на проблемите. Правиме херојски и напредни чекори во политиките, но и во поддршката која мора да биде праведна. ова се први директни реформи во директните плаќања. нема повеќе време за чекање за вистинска реформа во земјдоелството, подвлече Николовски.

Усогласување со политиките на ЕУ

Според него, првпат се врши усогласување со ЕУ политиките преку воведување пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција. Ваква мерка догодина ќе биде воведена и за останатите мерки по површина – за поледелство, градинарство и лозарство.

-Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling”, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Ако за еден хектар јаболков насад вкупната поддршка е 50.000 денари, 12.000 денари ќе му бидат исплатени авансно во тековната година, а остатокот од 38.000 денари ќе се исплатат до мај следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите ќе имаат две исплати, објасни министерот.

За успешна реализација на овие мерки, додаде, ќе се измени Законот за земјоделство и рурален развој. Практично, ќе и се овозможи на Платежната агенција да врши 30 отсто авансна исплата, пред завршувањето на административните контроли и контролите на терен.

Новиот закон за директни плаќања

Во врска со новиот закон за директни плаќања, Николовски истакна дека ќе бидат пропишани условите за финансиска поддршка според европската легислатива, како и сите планирани нови мерки кои се пропишани во заедничката земјоделска политика на ЕУ за периодот 2021-2027: неповрзани плаќања „decoupling”, воведување на мерката „redistributive payment” т.е дополнителни плаќања на основните субвенции за големина на земјоделско стопанство, плаќања за млади фармери, воведување на мерката за еко шеми.

Според Николовски, во новиот закон за рурален развој се става акцент на развојот на селата и земјоделските стопанства преку инвестициски мерки за поддршка на селата во неразвиените подрачја, автохтоните и загрозените раси.

Прв пат, потенцира министерот, ќе се донесе и закон за уредување на пазарите со кој се утврдуваат пазарните политики, а се отвора и можност за формирање асоцијации на производители, како и за воведување на мерката за школски шеми и за исплата на млеко по квалитет.

-Прв пат се воведува дополнителна субвенција за млеко по квалитет. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари за литар. На овој начин ги стимулираме производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, но и на вкупната млечна индустрија, нагласи министерот.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

VOX POPULI: Nuk jetohet me 18 mijë denarë. Paga minimale lë për të dëshiruar (VIDEO)

Story i radhës

Qyteti i Shkupit, kallëzim penal kundër Shilegov dhe Jançevës

Të fundit nga