Марјан Ѓорчев: Да им веруваме на нашите историчари, ама не гледам како ќе постигнеме прогрес

Нашите историчари имаат полно право да ги бранат нашите македонски ставови. Не гледам како ќе постигнеме прогрес со ваква тврда бугарска позиција, која има една максима – Македонија може да влезе во Европа, но македонизмот не, изјави поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Тој вели дека ќе постигнеме напредок во преговорите со Бугарија само ако јасно ставиме до знаење дека не отстапуваме од нашите начела кои се истовремено и дел од европскиот вредносен систем. Ако така се држиме, ќе ги убедиме Бугарите дека сме рамноправни во дијалогот и дека имаме наши барања кои тие треба да ги испочитуваат, конкретно и во однос на Гоце Делчев. Не треба и да дозволуваме мешање во внатрешните работи на земјата, вели Ѓорчев.

Според него, Бугарите имаат свое гледање и толкување, но ние никако не смееме да прифатиме нивно наметнување, зашто нашата историографија е усогласена со европската историска хуманистичка и општествена наука. Соседи сме, но факт е дека треба да имаме верба во нашите вредносни фундаменти.

-Секогаш сум тврдел дека веќе 30 години преземаме погрешни чекори во однос на тоа како треба да се однесуваме, не само кон соседите, туку и во целиот процес на преговарање со меѓународните асоцијации. Ние имаме многу аргументи и факти, како и многу историски извори за поимот Македонија и во однос на нашата државност, и во тој контекст треба да бидеме многу гласни. И така треба да се однесуваме. Не треба да дозволуваме мешање во внатрешните работи на земјата, како што Бугарија не дозволува да се дискутира за македонското малцинство. Нивниот став е недвојбен – тие не признават постоење македонско малцинство. Во тој контекст ние треба секогаш да одговориме достоинствено – дека за тоа постои Совет на Европа кој ги решава овие прашања кои може да дојдат и до Судот во Стразбур. Секогаш тоа треба да го нагласуваме, зашто тоа се наши вредности, тие луѓе таму се дел од македонското национално ткиво и ние и да сакаме, не можеме да се откажеме од нив, зашто откажувајќи се од нив, ние на некој начин сами си ја загрозуваме македонската нација, рече поранешниот амбасадор во Софија.

Во врска со денешното заедничко чествување на Гоце Делчев, Ѓорчев рече дека е нормално тоа што имало реакции во дел од македонското општество, затоа што ставот на историчарите по ова прашање сѐ уште не е усогласен.

-Кога политиката ја презема палката за толкување одредени „историски вистини” или на „заедничката историја”, без консултацаија со науката и граѓанскиот сектор, нормална е реакцијата на дел од македонското општество за заедничкото чествување на Гоце Делчев. Во конкретниот случај, отсуствува соработката со науката и со граѓанскиот сектор, па нормална е реакцијата на одреден дел од македонското општество, на историската фела, писмото кое го упати во однос на несогласувањето – зошто имаме заедничко чествување кога повиканата Комисија врз основа на Договорот нема усогласени ставови и препораки како треба таа наша голема македонска личност да биде чествувана. Бидејќи Комисијата не усогласи такви ставови, политиката ја презема на себе одговорноста со сиот ризик, дали ќе придонесе за позитивен епилог или ќе има негативни реперкусии по добрососедството и кревањето на бугарската блокада, објасни поранешниот амбасадор.

Според него, интересно би било двете страни да понудат чествување на раѓањето на Гоце Делчев пред неговиот семеен дом во градот Кукуш и тоа Грција да го дозволи или пак во село Баница да се одбележува 4 мај, денот кога загинал.

– Тоа се европски вредности и на таков начин можеме да зборуваме за Гоце Делчев, дециден е Ѓорчев.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Maqedoni: Gjithëpërfshirja e fëmijëve “garantohet vetëm në letër”

Story i radhës

Në Maqedoni 25 fëmijë me Covid-19 të hospitalizuar në Kozle

Të fundit nga