Ковачевски се сретна со Ќучук во Брисел, разговарале за развојот на процесот Скопје-Софија

Премиерот Димитар Ковачевски, кој е во прва посета на Брисел, вечерва одржа неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, објави Владата на официјалниот фејсбук профил.

-Премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи во Брисел остварија и неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која разменија мислења за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, стои на фејсбук профилот на Владата.

Вечерва Ковачевски треба да се сретне со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола.

Премиерот утре ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ја започна својата прва официјална посета на Брисел со средба во седиштето на НАТО со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Fitore bindëse e Pejës

Story i radhës

Ceferin takon Dukën: Futbolli duhet të vendosë për futbollin!

Të fundit nga