Ковачевски се слушна со Мицотакис: Односите меѓу двете земји се одлични, продолжува да се гради и зајакнува пријателството

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа, соопшти Владата.

Двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството. Претседателот на Владата Ковачевски му се заблагодарил на премиерот Мицотакис за поддршката што тој во континуитет ја дава за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и го запознал со некои од резултатите од посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Скопје и од возвратната посета и заедничката седница на владите во Софија.

„Низ взаемно почитување и дијалог базиран на европски вредности, верувам дека можеме да најдеме решение во интерес на двете земји и народи”, истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со неговиот грчки колега Мицотакис.

Премиерите Ковачевски и Мицотакис разговараа и за економската соработка, соработката во енергетиката, културата и други важни области, при што се договорија и за заедничка средба во рамки на Делфи Форумот во Атина кој треба да се одржи во текот на месец април 2022 година.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Regjistrohen 522 të infektuar dhe 4 humbje jete në 24 orë në Shqipëri

Story i radhës

I morën 10 mijë euro të shpallurit në kërkim për të mos e arrestuar, pranga dy policëve në Durrës

Të fundit nga