Ковачевски: Неблагодарно е сега да се зборува за евентуално членство на Украина во НАТО

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, не сака да се произнесе за евентуално членство на Украина во Северноатлантската алијанса, тоа е став кој се координира со сојузници, изјави тој во интервју за МИА од Брисел.

– Секоја земја во светот има сопствено право согласно своето уредување и одлуките што ги носи на ниво на задолжените институции да одлучува за своето приклучување кон одредени сојузи на начинот на којшто ја планира безбедноста на својата држава, така што тоа што Украина го има како свој став и план сепак не би сакал да го коментирам од аспект на Република Северна Македонија бидејќи се работи за став на суверена држава, рече Ковачевски.

Тој за МИА додаде дека „поднесувањето на кандидатура за било која држава е процес”.

– Знаеме како се носат одлуките и доколку се случи таква можност, тогаш и ставот на нашата влада согласно принципите на Вашингтонскиот договор ќе можеме да го кажеме, меѓутоа од оваа перспектива би било неблагодарно, додаде Ковачевски.

Ковачевски ги појасни изјавите и толкувањата на изјавите на неговата министерка за одбрана, која рече дека се прават „анализи” во министерството околу можно испраќање на македонски војници во Украина доколку биде потребно.

-Ние сме дел од НАТО, учествуваме во носењето на одлуките на НАТО и се придржуваме до тие одлуки се разбира. НАТО е најголемиот одбранбен сојуз којшто се грижи за безбедноста за своите земји членки. Исто така ја реафирмиравме нашата позиција дека треба да дојде до деескалација на тензиите во регионот на Украина и дека Русија треба да се вклучи во дијалогот НАТО-Русија, кој ќе се води на повеќе различни теми. Исто така го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на секоја држава вклучително во овој случај и Украина, и се придржуваме до одредбите од ОН на оваа тема. Во рамките на нашето министерство за одбрана постои дневна комуникација со колегите од НАТО, нашата мисија во НАТО е дел од секојдневното работење и носењето на сите одлуки. Нашето МНР има изработено оперативен план којшто се координира со земјите членки, а којшто се однесува доколку е потребно на згрижување на наши граѓани на територијата на Украина, тоа да биде направено на соодветен начин, изјави премиерот.

Северна Македонија е на истиот став како и сите земји сојузнички на Алијансата за Русија: важен е дијалогот, а Северна Македонија ги негува своите трговски односи со Москва истовремено.

– Нашите односи со Русија може да ги гледаме на два начини. Прво Русија е наш трговски партнер, со кој имаме размена на одредени производи и услуги. Меѓутоа другиот аспект е што ние сме земја членка на НАТО. Ние комплетно ги почитуваме одредбите од Вашингтонскиот договор и како земја членка на НАТО ние сме дел од најголемиот одбранбен воен сојуз во светот и сите наши одлуки ќе бидат во согласност со одлуките коишто се носат на ниво на НАТО. И кога ги гледаме изјавите на другите членки на НАТО тие се во согласност со одредбите на Вашингтонскиот договор и носењето на одлуки во НАТО.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Dy fakultete, 7 vite “të ngrira”, kompania e Kamçevit në falimentim, lënda e bllokuar në gjykatë?

Story i radhës

Në Vushtrri, vallëzohet për profën

Të fundit nga