Како „изгубено јагне“ се провлекува како традиција на сточарите од беровско

Инспектори на Агенцијата за храна и ветерина го прекршуваат законот што треба да го споведуваат. Со вакво обвинување излегоа од здружението за заштита на животни Анима Мунди кои синоќа објавија видео снимка на која според нив „група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово се изживуваат врз животно”.

-Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити но го измачува. Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат, велат од Анима мунди во својата објава на Фејсбук.

Бараат итно покренување постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, против беровскиот инспектор и трајно отстранување од вршењето на службена должност во институцијата.

-Дополнително бараме да се покрене постапка против сите овие лица кои се соучесници во овој монструозен чин, додаваат од „Анима Мунди”.

Со своја реакција за случајот излезе и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

-Згрозен од монструозниот чин на инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ. Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда, напиша Николовски на Фејсбук.

Сточарот Александар Мачевски од пехчевското село Робово, во врска со написот на Анима Мунди за инспектор што малтретира јагне изјави дека снимката е лична и приватна направена во неговиот дом како традиција што секоја година се прави во домот на сточарите кога ги продаваат јагнињата.

-Се свири песната „Изгубеното јагне” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и ,заколено” и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушувате угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија против здружението, вели Мачевски во својата изјава.

Александар Мачевски заедно со неговите браќа се сопственици на фармата „Мачевските деца” која се занимава со одгледување говеда, овци и крави, која како семеен бизнис егзистира од 2006 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Gjobiten 194 shoferë në Shkup

Story i radhës

Konsumatorët i kanë borxh mbi 18 milionë euro Termokosit

Të fundit nga