ЕЛМАС: ЌЕ БИДЕ ТЕЖОК НАТПРЕВАР, НО ЈАС ВЕРУВАМ ВО МОИТЕ СОИГРАЧИ ШАНСИТЕ СЕ 50-50!

March 24, 2022
1 minut lexim

Денес македонската спортска јавност дише заедно со нашата фудбалска репрезентација. Момците од зелениот терен вечерва ќе се обидат да ја совладаат Италија и да се доближат уште еден чекор поблиску до „незамисливото“ – пласман на Светско првенство. Видеолотарија Касинос Австрија како партнер на фудбалскиот национален тим верува дека чудата се возможни и затоа им дава целосна поддршка на нашите репрезентативци. Во нив верува и Елиф Елмас, кој, за жал, нема да може да им помогне, но затоа ги сподели своите позитивни очекувања.

Веќе трета сезона Елмас настапува во Наполи и одлично ги познава фудбалерите од Италија и нивната репрезентација. Затоа не се залажува околу тоа кој е фаворит на оваа средба, велејќи дека оваа Италија игра модерен фудбал.

„Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција“, открива Елмас.

„Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесно меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да не потценат. Шансите се 50-50“, смета Елмас.

Тој нема да настапи поради суспензија од жолти картони, но и Италија има проблеми со отсуства. Можно е да не настапат и двата столба на одбраната, Бонучи и Кјелини, но Елмас смета дека Македонија треба да го запре средниот ред.

„Одбраната може да биде мал проблем за Италијанците. Фудбалерите кои се стандардни во дефанзивата со години, сега се соочува со повреди. Средниот ред е клучната алка и ако го затвориме тој простор ќе биде проблем за нив“, сподели македонскиот креативец.

Меѓутоа, колку и да е аналитичен и претпазлив, не ја крие вербата во своите колеги, дека се способни да направат подвиг.

„Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание“, истакна Елмас.

Македонија и Италија играат вечерва од 20.45, во Палермо, а ако нашата репрезентација победи, на 29 март ќе се соочи со подобриот од Португалија – Турција, во директен дуел за пласман на Светското првенство во Катар (21 ноември – 18 декември). Видеолотарија Касинос Австрија им посакува спортска среќа на македонските фудбалери, со надеж дека ќе се издигнат до досега невидени височини, на радост на целата јавност во Македонија.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Dizeli u shtrenjtua për 4 denarë

Story i radhës

Me rastin e largimit nga jeta të Sekretares Albright, luftëtare e lirisë dhe e shtetit të Kosovës

Të fundit nga

ShkoLartë